Повеќе скопски населби утре без струја
Без електрична енергија утре во периодот од 8:30 до 14:30 часот, ќе останат дел од корисниците од село Љубош, општина Студеничани.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје во периодот од 8:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Маџари“ и „Палмиро Тољати“ во близина на ресторант Ханибал, корисниците во близина на стадионот „Борис Трајковски“, како и корисниците пред натпатникот на улиците „Маџари 3“ и „Маџари 1“, во општина Гази Баба.
Без струја во периодот од 9:00 до 11:00 часот, ќе бидат дел од корисниците од улиците „Орце Николов“, „Мирослав Крлежа“ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар.
Од 9:00 до 14:00 часот без електричен напон ќе бидат дел од корисниците од Дуќанџик и Старата Скопска Чаршија, во општина Чаир, а во периодот од 9:00 до 15:30 часот, дел од корисниците на излез од автопат за Тетово, како и дел од корисниците од улица „Островска“ во општина Сарај.
Во периодот од 9:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Дељадровци, Бучинци и Бујковци во општина Илинден и Грушино во општина Арачиново.
Без напон од 9:30 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од село Бразда, во општина Чучер Сандево, а од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците „Партение Зографски“, „Тасино Чешмиче“, „Христо Смирненски“ и „Ѓорѓи Скрижевски“ во општина Центар.
Во периодот од 11:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Антоние Грубишиќ“ од крстосница со „Аминта Трета“ до крстосница со „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.
Ново на Сител
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори
-
Воведени се драстични промени во работата по скандалот на Онкологија, смируваат од клиниката
-
Мајмунски сипаници потврдени кај двајца 40-годишници од Скопје, не се познавале и не патувале надвор
-
Бислимовски: Одлуката на Уставниот суд може да доведе до поскапување на парното
-
Одбележани 76 години од основањето на УКИМ - наградени најдобрите студенти
-
Преглед на вестите од светот