Македонија
2. October 2025 - 13:08

Дожд, снег и ниски утрински темеператури

Под влијание на циклонска активност подрачјеот на државава е зафатено од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот, соопшти УХМР.

Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 л/м² дожд. Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка, а поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места.

За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.

Минималните утрински температути ќе се спуштат до минус два, а максималните дневни ќе достигнат до 18 степени.

МИА