После 738 денови во заточеништво, ослободени израелските заложници во Газа

Последните 13 живи заложници кои беа држени од Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, јавуваат израелските медиуми. Претходно денеска беа ослободени седум киднапирани Израелци, што значи дека после 738 денови заробеништво, Хамас веќе не држи живи заложници во Газа.
Некои од заложниците успеале да остварат краток видеоразговор со своите семејства непосредно пред ослободувањето, а снимките од тие моменти се појавија и на социјалните мрежи.
За многумина од нив тоа било прво визуелно гледање со роднините по повеќе од две години заробеништво, време во кое беа целосно изолирани од надворешниот свет.
Видеата се оценуваат како пропаганден потег на Хамас, со кој групата настојува да се претстави како хумана. На некои снимки се забележуваат вооружени припадници на Хамас во позадина.
Организацијата и претходно беше обвинувана за слична пропаганда при морбидните церемонии за предавање заложници порано оваа година.
За да се избегне таква медиумска експлоатација, овапат предавањата биле извршени без церемонии и без присуство на медиуми.
„Сите доаѓате дома – сите!“, изјавила низ солзи Ејнав Зангаукер, мајка на еден од заложниците, цитирана од Тајмс оф Израел. „Војната заврши.“
Медиумите објавија и фотографии на други ослободени заложници – браќата Давид и Ариел Кунио и Нимрод Коен – како преку видеоразговор зборуваат со своите семејства. „Не можев ништо да слушнам, но ги видов и тоа е доволно“, рекла мајката на браќата Кунио.
Во следните часови се очекува ослободување и на 250 палестински затвореници и 1.700 лица задржани во Газа, меѓу кои и 22 деца.
Според израелските медиуми, затворениците се подготвуваат за напуштање на затворот Офер, лоциран на окупираниот Западен Брег.
Списокот на ослободените затвореници беше објавен од израелското Министерство за правда во петокот.
Во него не се вклучени седумте високи палестински функционери, меѓу кои Марван Баргути и Ахмад Саадат, кои Хамас ги бараше како дел од размената.
Десетици семејства од утринските часови чекаат пред затворот да ги пречекаат своите блиски. Според планот, околу 100 затвореници ќе бидат ослободени на Западниот Брег, други ќе бидат депортирани во Газа или Египет, а мал дел ќе биде ослободен во Источен Ерусалим.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски во Брисел на состанок со шефовите на дипломатите на земјите членки на НАТО
-

Повеќе од 200 компании се вмрежуваа на бизнис форумот Македонија-Србија
-

Сител сторија: Меѓународен ден на лица со попреченост - Предизвици на децата и родителите
-

Претпладне Скопје беше најзагаден град во Европа - Се зголемува бројот на пациенти со здравствени проблеми
-

Годишна конференција на МАСИТ
-

Македонско српски бизнис форум во Скопје
-

Револт, тактизирање, мала динамика на откуп и празни ваги - почетокот на откупот на тутунот започнува тензично
-

Време е да ги надминеме предрасудите кон лицата со попреченост , порачаа од здружението ,,Вера,, од Струмица
