Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Охрид
Посебен сообраќаен режим ќе се воведе утре и задутре по дел од охридските улици поради Европскиот јуниорски триатлон куп и Националното триатлон првенство.
СВР Охрид соопшти дека меѓу 13:00 и 13:30 часот ќе почне генералната проба на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, од пресекот на булеварот „Туристичка“ со „АСНОМ“ до локалниот пат за „Инекс“.
В недела, од 07:40 до 18:20, покрај наведената траса, ќе биде опфатен и патот покрај „Студенчишко блато“ кон плажата „Бафало“.
– Предвидена е забрана за движење на возила по булевар „Туристичка“ од пресекот со „АСНОМ“ до пресекот со локалниот пат кон хотел „Инекс“ само во правецот од Охрид кон „Свети Стефан“, а во обратен правец ќе има двосмерен сообраќај. Ќе биде поставена вертикална патна сигнализација. Сообраќајот од Охрид кон Свети Наум, од булеварот „Туристичка“ кон регионалниот пат, ќе се одвива по левата коловозна лента, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Упати апел до сите учесници во сообраќајот, да се придржуваат до означените правци на движење и да ги почитуваат насоките од полициските службеници.
Ново на Сител
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО
-
Честитка од министерот за јавна администрација по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Денот на трудот во Грција ќе се одбележи со традиционални протести
-
ВМРО - ДПМНЕ со првомајска честитка: Работниците се темелот за иднината на Македонија
-
Приведени возачи во Куманово и Кумановско под дејство на алкохол
-
Американскиот Сенат одби да ги поништи царините на Трамп
-
Камала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп