Македонија
13. November 2023 - 8:01

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека денеска и утре, поради посета на делегација предводена од претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Росен Желјазков, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците во централното подрачје на Скопје.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.