Портпаролот на Левица го запали Кривичниот Законик

Во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување!
Во овој момент, измените ќе влијаат на 14 судски пресуди и обвинети над 80 лица, не метајќи ги случаите кои се наоѓаат во ОЈО ГОКК. Се аболицираат тројца сегашни пратеници од редовите на ДПМНЕ. СДС го враќа и Никола Груевски.
На вчерашната собраниска седница, предаторската воља на широката коалиција пресуди, за да се убие правичноста и да се осигура неказнивоста. Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција.
Менувањето на Кривичниот законик, не само што им одговара на корумпираните партиски раководства, туку се случува и како обид за повторно наметнување на уставните измени за бугаризација на Македонија, како што такви измени беа донесени и пред насилното менување на уставното име.
Левица останува како единствената парламентарна опозиција, преку која народниот интерес непосредно се изразува во институциите. Затоа и ветуваме, дека по следните парламентарни избори, повторно ќе ја заостриме казнената политика и ќе го дуплираме рокот за застареност на криминалите на вечната коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ.
Измените на кривичниот законик се акт на консолидација на тиранијата на елитата над народот. Но, овој пат, нема тоа така да помине.
Нека ни е честит Денот на неказнивоста!
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица
Ново на Сител
-

Зголемено количеството на превезената стока во товарниот патен превоз
-

Просечната плата во септември 45.466 денари
-

Реализирано есенско порибување во Национален парк „Маврово"
-

Мицкоски: Суштината е во тоа да не оценуваат за реформите и чекорите, а не според билатералните прашања и спорови
-

ОЈО Кочани ќе вложи жалба за мерката куќен притвор за двајцата вработени во УЈП, кои се поврзуваат со постапката за корупција со клубот „Пулс“
-

Во завршна фаза целосната реконструкција на салата „Расадник“
-

Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште во Канада
-

Вработен во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје физички го нападнал неговиот колега со тврд предмет
