Портокалов аларм во Македонија - Подгответе се за невреме вечерва
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. На повеќе места врнежите повторно ќе бидат обилни проследени со грмежи и со засилен ветер, локално во форма на невреме, со електрични празнења. Се очекува да наврнат дополнителни над 30 л/м2 воден талог, особено во западните и југозападните делови на Македонија. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до 22 степени
Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат проследено со грмежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе достигне само до 20 степени.
За денеска издадено е и предупредување од портокалова фаза во половина од Македонија.
Врнежи од дожд ќе има и в петок, но со послаб интензитет и повеќе ќе бидат локализирани, а кон крајот на денот постепено ќе престануваат.
Потоа следува период на стабилизирање и постепено затоплување на времето.
Ново на Сител
-
Уапсен Ејуп Рустеми
-
Се шири истрагата за пожарот во „Пулс“
-
Владата ја запира постапката за разрешување на државниот обвинител
-
И угостителски и државни објекти за време на мораториумот ќе треба да отстранат неправилности
-
479 градежни фирми остануваат без лиценцата од министерство за транспорт
-
Мицкоски им врати на ДУИ - наместо сочувство ја политизираат трагедијата
-
Собранието ги откажа сите активности и оваа недела
-
Европски земји понудиле помош за подолготрајна рехабилитација на потешко повредените