Пороен дожд, град и грмежи попладне и утре
Во текот на попладневните и вечерните часови, како и во текот на утрешниот ден, повторно се најавуваат поројни врнежи од дожд, на места и обилни со грмежи и можна појава на град.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), кај поголемите водотеци не се очекуваат појави на излевање на водата, додека кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и локални излевања.
- Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализационата мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава, соопшти УХМР.
Оттаму препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај помалите реки и суводолиците и да бидат претпазливи на сите места каде во текот на наредните два дена се највуваат поројни врнежи од дожд.
Ново на Сител
-
Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
-
Филипче повика на натпартиска стратегија
-
Мицкоски: Злоупотребите во Државна лотарија се многу повеќе од 8 милиони евра
-
Мицкоски: Многу контроверзни изјави го одбележаа судењето за 27 април
-
Неетичко и нечовечно е поскапувањето на основните производи, кажа Мицкоски
-
Законот за нефер трговски практики стапува во сила на први јануари
-
Целосно исплатени заостанатите субвенции кон земјоделците
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево