Евроинтеграцијата и барањето за консензус клучни во обраќањето на претседателката
Време е за храбар ЕУ исчекор, по приморот на оној од 2004 година што ќе значи реинтеграција на регионот во ЕУ. Нашиот предлог се уставни измени со одложено дејство. Претседателката Гордана Силјановска Давкова најголем дел од својот говор го посевти на евроинтеграциите и надворешната политика.
Претседателката смета дека се неопоходни реформи во самата Унија, а побара од Бугарија да ги почитува и одлуките на Судот за човекови права за правата на Македонцитте таму. Со премиерот Мицкоски и министерот Муцунски рече дека настапуваат како хармонично трио. Но, за посилна преговарачка позиција повика на конзенсуз и со опозицијата.
Она што го побара од Владата е борба против корупцијата и организираниот криминал, но и силни реформи во правосудството.
Претседателката најави и реформи во помилувањето за тоа да биде корекција на правото со правда и етика. Силјановска Давкова својот говор го одржа пред сите пратенички групи, Владата, претседателите на Уставниот и врховниот суд, верските поглавари и дипломатскиот кор.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар