Поранешниот претседател на Анкарагучу се соочува со затвор од 13 години
Казна затвор од 13 години му се заканува на поранешниот претседател на турскиот фудбалски прволигаш Анкарагучу, Фарук Коча, доколку биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението за кое се товари.
Коча денеска се појави на суд и изрази жалење поради инцидентот што го предизвика минатиот месец кога по завршување на дуелот од турската Суперлига меѓу Анкарагучу и Ризеспор физички го нападна главниот судија Халил Умут Мелер.
Непосредно по последниот судиски свиреж, Коча втрча на теренот и со тупаница го удри во главата Мелер. Откако падна на земја, главниот судија уште неколку пати беше удрен со нога, а потоа пренесен во болница.
Првиот човек на Анкарагучу беше уапсен ден по инцидентот.
На судското рочиште Коча се извини за инцидентот, но негираше дека на Мелер му се заканил со убиство.
„Тоа беше прв пат во животот да се впуштам во физичка пресметка, но дел од обвинението не е точно. Не му се заканував на судијата Мелер дека ќе го убијам. Изразив жалење поради инцидентот и претходно, а тоа го повторувам и пред судот“ рече Коча.
Судскиот процес ќе продолжи на крајот на февруари.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ