Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вечерва е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски претходно информираше дека МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со овој настан има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица.
Дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати, дел се во болница.
-Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина со овој настан, согласно досега собраните докази. Приведено е едно лице, кое што е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека еден од оние кои што имаат директна вина. Исто така, приведени се поранешен државен секретар на Министерство за економија, поранешен раководител на еден сектор во Министерство за економија, поранешен директор на Дирекција за заштита и спасување и тројца вработени во рамки на дирекцијата, изјави Тошковски.
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска на прес-конференција информира дека веднаш биле преземени првите чекори за справување со последиците, а во моментов има информациите дека објектот каде се случи несреќата има фалсификувана лиценца, која била издадена март, 2024 за мито.
Тоа е документ, рече Мицкоски, за работа на кабаре, кој е издаден нелегално, со оригинален печат на Министерството за економија и потпис на тогашните официјални лица на истото тоа министерство. Според него, тука има многу прашања кои истрагата ќе ги одговори.
-Оттука, во сето ова што ни се случува и ни се случи, најпрво мора да има кривична одговорност за сите до еден инволвирани, без разлика кој од која институција е, на кое ниво, од која партија, од која професија итн., итн. до последниот. Очекувајте кога станува збор за одговорност, дека нема да има милост. Ќе мора да има одговорност со име и презиме. Во хируршки прецизна акција на институциите. Без милост, најави тој.
Во синоќешниот пожар во дискотеката во Кочани според првичните информации на МВР имало околу 500 лица, бројот на починати е 59, а 155 се повредени. Роднини и блиски на починатите се противат на ваквата одлука и спонтано го блокираа влезот во болницата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел
-
Трет ден конфликт меѓу Израел и Иран, Трамп и Путин ја оценија состојбата како „многу алармантна“
-
Кочани на приоритетната листа за министерот за здравство - Алиу вели дека нема да оперира, туку ќе менаџира со системот
-
Процесот на рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани е долг, скап и макотрпен
-
Обвинителството им стои на располагање на семејствата на жртвите
-
Зајкова бара собраниска седница зад затворени врати за престојниот НАТО Самит
-
Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули