Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
Поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош, осомничен во аферата „Микроскопи“ поради набавка на прескапа медицинска опрема, денеска е пуштен од истражен затвор затоа што УСКОК ги сослуша сите сведоци поради кои Берош беше приведен во саботата на 16 ноември, ден по неговото апсење.
На насобраните новинари им порача дека „е невин и тоа ќе го докаже на суд“.
– Не му се лутам на никого, им благодарам на институциите што си ја завршија работата. Тоа е мојата порака, изјави Берош.
На Хина во Жупанискиот суд во Загреб претходно и беше потврдено дека УСКОК ги известил дека се сослушани сите сведоци поврзани со Берош, а судијата на истрагата напишал решение врз основа на кое Берош е ослободен од Реметинац и понатаму за време на истрагата ќе се брани од слобода.
Поранешниот министер е ослободен откако претходно денеска во УСКОК бил сослушан последниот од седумте сведоци кои според обвинителството можеле да бидат под влијание на поранешниот министер за време на истрагата за корупција.
УСКОК во петокот соопшти дека Берош е уапсен, потоа и Канцеларијата на Европско јавно обвинителство (ЕППО) соопшти дека покренала истрага против Берош и уште седум лица.
За разлика од УСКОК, кој го сомничи Берош за трговија со влијание, а во чија истрага не се споменува ниту бегалецот Хрвоје Петрач, ниту двајца негови синови кои во меѓувреме се предадоа, ЕППО го обвинува Берош за примање мито.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП