-->
-->
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-->
Поради интензивни врнежи од снег, воведени се нови забрани за движење на тешки товарни моторни возила (ТТМВ) на магистралниот пат Кичево - Охрид и кај преминот Плетвар, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Од 15:30 часот, забраната важи на магистралниот пат Кичево - Охрид и обратно, додека од 16:20 часот, забраната е воведена и на магистралниот пат А3 кај преминот Плетвар.
Претходно, од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, информираа дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила, попладнево е воведена на Пресека и на планинскиот превој Буково.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ обвинува за спорен тендер
-
До 29 септември сите службени возила треба бидат со црвени регистарски таблички
-
Вицепремиерот Фетаи одби да одговара на прашања на македонски јазик – не го владеел добро
-
Филипче: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси
-
Запален автомобилот на Ѓорѓи Галетановски Чомбе, вели немал закани, ниту непријатели
-
Македонскиот тим на прва мисија на НАТО вежбата во Бугарија 2025
-
Статистиката измери инфлација од 4,4% во август
-
Хајрлуахи: Прават дефокус од Рекет 2