Поповски: Против „јазлеста кожа“ ќе се вакцинираат 226.000 грла крупен добиток
Порачани се вкупно 250.000 вакцини против болеста „јазлеста кожа“ кај говедата, а ќе се вакцинира целиот фонд крупен добиток или 226.000 грла, информира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
Поповски кој денеска заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и европратеничката Маријана Петир беше во посета на фарма во прилепско Мажучиште, повтори дека вакцините треба да стигнат за две недели, а ситуацијата со болеста е под контрола.
- Моментно има осум жаришта каде е детектирана болеста, но е локализирана и се знае дека е пренесена од Бугарија, истакна директорот и додаде дека на фармерите им е наложено да одржуваат високо ниво на хигиена.
За набавка на вакцините државата обезбеди еден милион евра.
Ново на Сител
-
Договорот за стратешко партнерство со Британија ќе биде потпишан во четврток во Лондон
-
Матурант од Струмица пронајден мртов
-
На лузните од изгореници им треба време да заздрават
-
Извештај за родова самопроценка во одбраната: Родовите стереотипи постојат, но има видлив напредок
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Прва седница на Уставен без Дуковска, засега не се знае кој ќе ги превземе нејзините предмети
-
Сиљановска утре ќе го соопшти името на кандидатот за нов гувернер