Попоски-Црнадак:Динамизирање на на севкупната соработка, особено на економската
Динамизирање на севкупната соработка и политичкиот дијалог, преку интензивирање на средби и посети на високо ниво, особено динамизирање на економската соработка преку создавање поволна бизнис клима, заемно поттикнување на инвестиции, вклучително преку организација на бизнис форуми, како и унапредување на соработката во областа на туризмот, договорија министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Босна и Херцеговина, Никола Попоски и Игор Црнадак на денешната средба во Скопје.
Попоски и Црнадак, раководејќи се од заедничкиот интерес за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, како и унапредување на регионалната соработка, како и од заедничкиот стремеж за целосно европско и евроатлантско интегрирање на двете земји, се договориле да ја продолжат и соработката во рамки на регионалните организации, иницијативи и процеси, по прашањата за забрзување на евроинтегрирањето на Западен Балкан.
Заеднички заклучиле дека соработката меѓу државите во рамки на Берлинскиот процес, особено по прашањата за инфраструктурно и енергетско поврзување е клучна за обезбедување одржлив развој на регионот. Подготвени сме, изјавија двајцата шефови на дипломатиите, заеднички да продолжиме да работиме на реализација на заклучоците од Виенскиот Самит за Западен Балкан од 27 август оваа година.
- Да се фокусираме на стабилен е предвидлив регион за да може и економскиот развој да ја прати оваа динамика. Затоа во фокус на дискусиите беа еворпските интеграции, избегнувањето на тензии и на моменти за креирање на идеи за промени на граници, оживување на стари антагонизми, спротивставување, туку поголем фокус на соработката, изјави по средбата министерот Попоски.
Во насока на поддршка за обезбедување инклузивност за земјите од Западен Балкан во европските макроекономските стратегии и иницијативи за регионот, била договорена во периодот што претстои, соработка во насока на успешна транзиција на македонското претседателство со Централно европската иницијатива и преземање на претседателството од страна на Босна и Херцеговина, на крајот на оваа година.
Попоски и Црнадак нагласија дека ќе се залагаат за натамошно олеснување на комуникацијата на граѓаните на двете држави вклучително преку почнување на процесот за заемно овозможување на влез и престој на државјаните на двете држави со биометриски лични карти.
Ќе се унапредува и соработката меѓу двете министерства за надворешни работи особено по прашањата поврзани со евроинтеграциите, за сукцесија на дипломатскиот имот на поранешна СФРЈ, ќе се работи на склучување на Спогодба за колокација на ДКП-а на двете држави и нејзино пректично имплементирање, како и на конкретизирање на соработката во согласност со Протоколот за соработка во областа на дипломатската обука помеѓу двете Министерства.
Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Црнадак денеска во рамки на посетата, ќе биде примен од претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.
Ново на Сител
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна