Спорт плус
30. December 2020 - 9:41

Попладнево втор контролен меч на македонските одбојкари против Бугарија

Македонските одбојкари денеска ќе имаат шанса за „поправен“ против Бугарија, од која го загубија првиот контролен натпревар што е дел од подготовките за јануарските квалификации. 
 
Во првиот меч нашите одбојкари пропуштија водство од 2:0 во сетови, но и три меч топки во решавачкиот петти сети. 
 
Имено, првите два сета ги добија нашите одбојкари со 25-20 и 25-22, а Бугарите возвратија во следните два со 20-25 и 14-25. Во решавачкиот петти сет, нашите одбојкари имаа три меч топки кои не успеаја да ги искористат, па противникот на крајот го доби сетот со 17-19 и со конечни 2:3 се радуваше на победа. 
 
Вториот натпревар меѓу Македонија и Бугарија во рамки на турнирот „Бранко Хаџииљоски - Чајка“ се игра попладнево од 16 часот.
 
На овие два меча, но и двата по новогодишните празници, што ќе се играат во Софија (5 и 6 јануари), селекторот Матијашевиќ ќе може да ја провери моменталната форма, но и да спроведе дел од замислената тактика за главното што претстои, а тоа се квалификациските натпревари во Скопје од 11 до 16 јануари, во кои нашите одбојкари во дуелите против Турција и БиХ, ќе се обидат да се изборат за своето второ учество на Европскиот шампионат.