Loading Video...
Спорт плус
8. October 2023 - 20:28

Скопје ја доби организацијата на летните младински европски олимписки игри

Град Скопје ја доби организацијата на 18-тите европските летни  младински олимписки игри  што ќе се одржат во јули 2025-та година. 
По презентацијата на планот за организација од претседателот на  МОК Даниел Димевски и градоначалникот  на Скопје, Данела Арсовска, Генералното собрание на Европските  олимписки комитети едногласно ја изгласа  одлуката за овој голем спортски настан. 
 
Договорот покрај нашите претставници го ратификуваа и првите луѓе на ЕОК, Спирос Капралос и Рафаеле Пањоци.