Loading Video...
Спорт плус
19. September 2023 - 19:54
Во Струга започна СП во шах за сениори
Во Струга синоќа свечено беше отворено екипното светско првенство во шах за Сениори на кое Македонија ќе ја претставуваат две екипи и тоа во категориите над 50 и над 65 години.
Во категорија на шахисти (постари од 50 години), Македониија Алкалоид на стартот игра против 5 Brothers (USA) . Нашата селекција настапува во велемајсторски состав Недев, Богдановски, Станојоски, Кутиров.
Во категоријата ЕС-65 настапува селекција на Македонија во состав (Илиќ, Кралевски, Стошевски, Хаџи-Манев) и за противник ја има петторангираната селекција на Италија.
На турнирот за шахисти постари од -50 години настапува и македонската репрезентација на слепи и слабовидни шахисти и во првото коло се среќава со Словачка, во женска конкуренција нашата селекција игра против 11-то рангираната Австрија.
Вкупно во двете конкуренции настапуваат 48 екипи, 22 постари од 50 години и 26 во категоријата ЕС – 65.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->