Loading Video...
Спорт плус
25. August 2023 - 19:56
Македонецот Славески во поход кон БКФЦ титула
Уште еден промотор на Македонија и македонскиот спорт е Гого Славески кој вечерва ќе се бори за титулата во Велтер категорија во БКФЦ .
Славески кој има 28 години и потекнува од населбата Ѓорче Петров во последните 10-тина години успешно се претставува во САД како боксер , а во последно време е учесник во борбите со голи раце каде успешно напредува кон врвот.
Неговите успеси во последните сезони му овозможија ноќеска да се бори против Американецот Џејк Линдси во велтер категоријата. Овој меч е закажан во Мајами каде Славески очекува голема поддршка од македонската заедница.
Интересот за овој меч е голем бидејќи се работи за пресметка на двајца борци кои досега немаат порази во БКФЦ верзијата.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->