Помалку барања за земјоделски субвенции во Делчево
Во Делчево досега за субвениции се пријавиле 620 земјоделци што е 41 отсто од годишните пријави.
Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство Иле Каранфиловски, процентот на пријавени земјоделци е помал, бидејќи подоцна почнало одбележувањето на добитокот и земањето крв, постапка што ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
- Лани беа поднесени 1.516 барања. Се апелира до земјоделците по завршената работа на АХВ да се јават во канцелариите на ПЕ и да си поднесат барање, да не го чекаат последниот рок, истакна Каранфиловски.
Во тек р пријавувањето на предаденото млеко во преработувачки капацитети за октомври, ноември и декември, а рокот за поднесување на барањата е 16 мај.
Пријавувањето за субвенции почна на 26 март 2018 година.
Ново на Сител
-
Судски совет предлага продолжување на мандатот на Весна Дамева
-
Скопје од понеделник под блокада
-
ЕВН прифати повисока цена од ЕСМ, за колку ќе плаќаме поскапа струја?
-
Минималец од 450 евра и нова методологија за пресметка на плати, бара УПОЗ
-
Комплекс ,,Македонско село'' повторно ќе биде понуден на оглас
-
Средношколци влегуваат во сексуални односи, а не знаат како да се заштитат од преносливи болести
-
Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
-
Нови технологии за производство на чиста и здрава вода за пиење