Свештениците, монасите и верниците се простија од Тимотеј
- Денес е исклучилно тажен ден за сите нас зошто Светата Македонска црква се простува со една од своите најзаслужни личности во нашево време. Свештенството, монаштвото и верниот народ на Охрид, на Дебарско-кичевската и Австарлиско-сиднејската епархија се збогуваат од својот духовен отец и архиереј, а Синодот на Македонската православна црква, пак, се разделува од својот гласноговорник, рече во обраќањето Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан по Заупокоената Света литургија .
Владиката Тимотеј кој цели 29 години раководеше со Дебарско- кичевската епархија ќе остане запаметен како градител возобновител на голем број храмови и манастири. Епископот беше еден од оние кои придонесоа за воспоставување на нарушеното единство на црквата.
Посмртните останки на упокоениот Митрополит Дебарско-кичевски, Тимотеј, беа погребани во јужната апсида на храмот на „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид онаму каде Тимотеј го помина поголемиот дел од неговиот живот.
По повод упокојувањето на владиката Тимотеј, Охрид го прогласи денешниот ден за Ден на жалост и се откажани сите културно-забавни настани на територијата на општината.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар