-->
-->
Полицијата во Скопје вчера фатила 34 возачи кои возеле во алкохолизирана состојба
-->
Во акциска контрола на Министерството за внатрешни работи на територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени 140 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 34 санкции, 21 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 17 за возење без возачка дозвола.
Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, најавуваат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања