Полицијата во ЕУ ќе користи оружје против дронови
Полициските сили на ЕУ ќе употребат австралиско оружје против беспилотни летала, што ќе им помогне да ги отстранат заканите за националната безбедност. Таквата технологија е забранета во Соединетите Американски Држави со закон.
Според рамковниот договор меѓу компанијата „Дрон Шилд“ (DroneShield Limited) и ЕУ, „Дрон Ган Тактикал“ (DroneGun Tactical) ќе биде „воведен во различни полициски единици ширум ЕУ“, соопшти австралиската компанија.
Директорот на компанијата, Олег Ворник го информирал ЕУРАКТИВ дека договорот е склучен со белгиската полиција, која објавила тендер во име на националната полиција на ЕУ, како дел од заедничката шема за набавки.
Во „Дрон Шилд“ велат дека во договорот не е наведено минималното количество пушки што ќе се купат.
Компанијата се надева дека таа работа ќе се одвива со нови договори со полициските сили на ЕУ во иднина и за други производи, вклучувајќи го и нивниот преносен уред за откривање беспилотни летала РфПатрол.
Повеќето дронови нападнати од оваа технологија ќе го прекинат летот и ќе се обидат безбедно да слетаат.
Инаку, во јули во ЕУ ќе стапат на сила новите регулативи, што ќе овозможат создавање единствен пазар на беспилотни летала во Европа со високи безбедносни стандарди.
Според новите регулативи, оние што управуваат со беспилотно летало ќе треба да имаат дозвола од надлежните национални власти, што ќе им овозможи да го управуваат низ цела ЕУ.
Ново на Сител
-
Анализа: Што ќе донесат последните посети на Мицкоски во Брисел?
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Не се знае дали студентите ќе имаат бесплатен превоз од први јануари, ЈСП не им ги продолжува билетите
-
Реформи веднаш за поголем економски раст
-
Директорката на Клиниката за деца “Козле” на состанокот кај Таравари ги негирала обвинувањата од 30 специјалисти
-
Преглед на вестите од светот
-
Скопјани се подготвуваат за викенд без вода
-
Артан Груби побарал укинување на притворот