Македонија
1. October 2025 - 12:22

Полицијата во акција против дилерите на дрога

Полицијата во акција против дилерите на дрога.За три месеци криминалистичката полиција извршила 29 контроли на најфреквентните места во градот и на бројните концерти кои се одржуваа ова лето од кои 28 лица кај кои е пронајдена опојна дрога се приведени и поднесени соодветни кривични пријави.

Станува збор за лица добро познати на полицијата кои се откриени по претходно изготвен план и добиени оперативни сознанија.

Според податоците на охридската полиција акциите во текот на летото придонеле  за намалување на недозволената трговија со дрога за речиси 18 проценти, во споредба со истиот период лани.