Македонија
22. August 2015 - 12:37

Полицијата и војската ја контролираат состојбата во пограничниот регион на Гевгелија

Полицијата и војската е распоредена и го обезбедува пограничниот регион во Гевгелија каде има наплив на мигранти. Според информациите од полицијата состојбата е тензична, но нема проблеми.  

Мигрантите се пропушаат согласно капацитетите на државата со предност на поранливите категории, а во последните 24 часа, односно од осум часот вчера до осум часот утрово издадени се потврди на 826 странски државјани меѓу кои 163 деца и на 25 деца кои што патувале без родител. 

Мигрантите пристигнуваат од Грција од каде огранизирано се пренесуваат до Табановци. Најчесто мигрантите се од Сирија, Авганистан и Ирак.