Полиција на секој чекор во Скопје - што се случува?

Под силно полициско обезбедување денеска повторно почнува судењето за хоророт во Дивата Населба во Куманово од мај минатата година.
Судското рочиште кое почнува одново беше одложено поради боледување на судијката, а вториот пат одлагањето беше откако судската полиција на Врховниот суд не им дозволи на адвокатите на обвинетите во процесот да влезат во салата.
Обвинителката Вилма Русковска изјави дека судењето е одложено за 6-ти јуни, заради неприсутно на адвокатите
Покрај на адвокатите, влез во Врховниот суд не им беше дозволен и на новинарите кои го следат процесот.

Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Ново на Сител
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
-

Можно е дополнително намалување на акцизата за бензините, ДДВ-то на дизелот останува исто
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
-

Седница на работните групи за Изборниот законик
-

Мицкоски: Интензивно се работи на реформската агенда
-

Доживотен затвор за „касапот од Штип“
