Loading Video...
Ф1
3. July 2021 - 17:13

Пол-позиција за Верстапен на утрешното австриско Гранд-при

Макс Верстапен ќе ја има пол-позицијата на утрешената девета трка во Формула 1 првенсвото, што ќе се вози на патеката „Ред Бул Ринг“, а за Големата награда на Австрија. 
 
Возачот на Ред Бул оствари најбрзо време на  денешните квалификации, па утре ќе стартува од првата позиција, пред Ландо Норис од Мекларен и тимскиот колега Серхио Перез кој ќе биде на третата стартна позиција. 
 
За оваа тројка ќе бидат болидите на Мерцедес, однсно Луис Хамилто кој имаче четврто и Валтери Ботас кој оствари пето време во денешните квалификации.
 
Потсетување дека минатата недела на истата патека се возеше осмата трка, а тогаш Верстапен ја искористи пол-позицијата и стигна до својата трета победа сезонава. 
 
Токму Холанѓанецот е лидер во генералниот пласман со 156 бодови, пред Хамилтон кој досега собра 138 бодови 
 
Далеку зад нив се Перез со 96, Норис 86, Ботас 74....