Loading Video...
Ф1
29. јуни 2019 - 16:56

Пол-позиција за Леклерк на австриското Гранд-при

Возачот на Ферари, Чарлс Леклерк ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка во Формула 1 шампионатот, која ќе се вози за Големата награда на Австрија. 
 
Тој денеска оствари најбрзо време во квалификациите возени на патеката „Ред Бул Ринг“, каде утре ќе се вози деветтата трка во шампионатот. 
 
Веднаш зад него од првиот стартен ред трката ќа ја започне актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес, а по нив во вториот ред ќе бидат Макс Вершптапен од Ред Бул Рејсинг и Валтери Ботас од Мерцедес. 
 
Германецот Себастијан Фетел кој имаше проблеми со болидот, трката ќе ја започне дури од 10-тата стартна позиција 
 
Во пресрет на утрешната трка која ќе започне од 15 часот и 10 минути, лидер во генералниот поредок е Луис Хамилтон со 187 бодови пред тимскиот колега Валтери Ботас кој има 151, односно Фетел кој со 111 бодови е на третата позиција.