Покрената истрага против Демирташ поради изјавите за курдска автономија во Турција
Турското обвинителство покрана истрага против лидерот на прокурдската Демократска партија на народите (ХДП) Селјахатин Демирташ поради изјавата за курдска автономија во југоисточна Турција.
На вчерашниот собир на курдскиот Демократски национален конгрес во Дијарбекир беше побарано создавање на автономен регион на Курдите во југоисточниот дел на Турција. Демократски национален конгрес е коалиција која обединува повеќе курдски невладини организиции и активисти.
На собирот во Дијарбекир е усвоена и Декларација во која се повикува за изнаоѓање политичко решение за курдскиот конфликт и на создавање автономен регион што би ги вклучувал окрузите во југоисточна Турција во кои Курдите се мнозинство и кои имаат „културни, економски и герографски сличности“.
Истрагата е покрената против Демирташ за неговата изјава за независност на курдските региони во Турција. Таквата изјава може да се оцени како нарушување на уставниот поредок и противуставно дело.
Демирташ вчера изјави дека „Курдите во иднина можат да добијат автономни региони и дури и независни држави“.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња