-->
-->
Погребан тинејџерот самоубиец: Милан (17) однесе тајна во гробот
-->

Прости ни, Милан, сине... Жал ни е, прости ни и збогум. Луѓе, чувајте ги своите деца, затоа што не знам зошто Милан не напушти, викал Нинослав Петровиќ над гробот на својот син Милан (17) од селото Супска во Чуприја, кој се самоубил во саботата.
Несреќниот млад човек се вратил од прославување на полнолетност, каде бил со своите родители и со истрел од пиштол си го одземал животот. Очајните родители едвај се одделија од ковчегот.
- Не оди Милан, не ја оставај мајка си... Зошто дете, зошто го направи ова? На кого да му се радува мајка ти? Не, не оставај, разбуди се...врескала мајката Јасмина додека роднините ја држеле над ковчегот.

Неколку илјади луѓе дошле да кажат збогум на средношколецот чија смрт ги шокираше. Со потресен говор, пријателите од одделението се збогувале со својот омилен пријател.
- Ти не смееше, ти правеше времето да ни минува брзо. Си замина, без да ни кажеш збогум, пред матурата. Се уште се надеваме дека ќе се појавиш на училиште - рекла другарката на Милан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Новата цена на струјата ќе се знае наскоро, Владата ќе ја утврдува на затворена седница
-

Пропадна тендерот за избор на изведувач за Универзална сала
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
