Македонија
16. March 2017 - 22:35

Погледнете какво време не` очекува до понеделник

Македонија утре и во сабота ќе биде под влијание на поле на висок воздушен притисок кој што ќе услови претежно сончево и надпросечно топло време за овој период.

Утре по студеното утро со утрински температури од -4 до 5 степени, во текот на денот ќе биде сончево и топло со максимални температури од 8 до 18 степени.

И во сабота ќе има студено утро, кога утринските температури ќе се движат во интервал од -5 до 4 степени, а во текот на денот сончево и топло со дневни температури од 11 до 20 степени.

Во недела преодна дестабилизација на времето, умерено облачно со врнежи од дожд и топло со дневни температури од 12 до 21 степен.

Во понеделник пак, времето ќе биде претежно сончево со локална облачност и натпросечно топло со максимални температури од 13 до 22 степени.