Подметнувачите на пожари во Индонезија ќе бидат застрелани
Воен претставник во индонезиската провинција Џамби изјави денеска дека наредил врз секој што намерно ќе подметне пожар во шумските области да се пука од огнено оружје.
Оваа мерка е донесена во момент кога властите се борат со многубројни пожари во регионот.
- Целта е веќе еднаш тоа да им се стави до знаење на луѓето, кои многупати досега се предупредени. Сакаме да покажеме дека сме одлучни и сериозни, изјави полковник Рефризал, командант на силите за борба против шумски пожари во Џамби.
Тој истакна дека неговиот налог ќе биде извршен „одговорно“.
Индонезиските медиуми пренесуваат дека властите во соседната провинција Јужна Суматра, кој исто така се наоѓа на островот Суматра, издале ист таков налог.
Пет индонезиски провинции прогласија вонредна состојба поради шумските пожари во земјата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани