Почнува уписот на УКИМ, слободни 10 710 места
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за упис во прва година додипломски студии во учебната 2019/2020 година.
Според Конкурсот на УКИМ, слободни се вкупно 10 710 места. Од нив, во квотата за редовни студенти има 5402 места, во квотата за редовни со кофинансирање на студиите 4273 и за вонредни студенти слободни се 1035 места.
Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.
За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содражни во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.
Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.
Согласно со Закон за високото образование донесен минатиот мај, учебната година за студентите почнува на 1 октомври.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции