Почнува прославата „Денови на св. Мајка Тереза“ во Скопје
Татковинска прослава „Денови на св. Мајка Тереза“ од денеска до 11 септември ќе се одржува во Скопје по повод канонизацијата на Мајка Тереза.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски најави дека Град Скопје со еден милион денари ќе ја помогне прославата.
Католичката црква во Скопје денеска ќе одржи миса во капелата на Мајка Тереза во Спомен куќата во знак на една благодарност, додека утре организира целодневно обожување.
Од 5-ти до 11-ти септември во Скопје ќе има и серија хуманитарни активности.
Во сабота на 10 септември ќе се одржи света литургија предводена од белградскиот надбискуп Станислав Хочевар, а веднаш потоа и бдеење.
Централната прослава - понтификална света миса ќе се одржи во недела на 11 септември на плоштадот „Македонија“ предводена од специјалниот папски кардинал сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ.
Организатор на прославата е Скопската бискупија, а покровител е претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска