Почнува Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“
Од денеска почнува 11. Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“ на која ќе учествуваат десетина ликовни уметници од земјава и странство.
Колонијата ќе трае до 1 септември, а ја организираат Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Солун“.
За време на колонијата во просториите на Музејот на град Скопје ќе творат Марина Лешкова, Олгица Антовска, Дороти Пачкова, Беган Деари, Александар Поповски и Глигор Васков од Македонија, како и Ноел Андре Периер од Франција, Александра Мириќ од Србија, Предраг Пеѓа Ракиќевиќ од Србија и Петја Денева од Бугарија.
Намерата на организаторите е на учесниците на колонијата да им се предочи богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција во Скопје. Во близина се наоѓа и Старата скопска чаршија која е интересна по својата архитектура и старите занаети и претставува една од најголемите ориентални чаршии на Балканот.
Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Ново на Сител
-
Владата денеска нема да ги замрзне маржите
-
Партиите со различни ставови за промена на државниот грб, владата се уште нема идејно решение
-
Филипче обвинува за партизација – ВМРО ДПМНЕ му врати дека грижата му е лицемерна
-
Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години
-
Македонците не ги интересира политика но не пропуштаат вести
-
Бугарија со остри реакции на изјавата на Мицкоски – Бугарите во уставот е услов на ЕУ, не на Софија
-
Обвинителството нареди вонреден инспекциски надзор над загадувачите на воздухот во Скопје
-
Протоколите стигнаа до училиштата: Како до заштита од хибриден напад?