Почна учебната година во Преспа
За 1.068 основци, од кои 128 првачиња и за 316 средношколци во Преспа денеска почна новата учебна 2018/2019 година.
Добрoдојде и успешен почеток на првачињата им посака градоначалникот на општина Ресен, Живко Гошаревски.
- Нека е честит почетокот на новата учебна година и денот кој особено ќе го паметите вие, првачињата кои денеска седнавте во училишните клупи. Пред вас се најубавите години исполнети со учење и осознавање на светот околу вас, ваша лична надоградба, раст и развој. Учете, образувајте се и еден ден да станете генерација на нови градители на развојот на нашата општина и општеството, рече Гошаревски.
Во ресенските училишта, како што информира за МИА Ѓорѓи Ставревски, задолжен за образование во општината, има мало зголемување на бројот на првачиња во однос на минатата година кога учебната година ја почнале 125 првоодделенци.
- Последните години состојбата се одржува на едно исто ниво, со тенденција на мало зголемување на запишани првачиња во петте основни училишта на подрачјето на Општина Ресен, изјави Ставревски.
Во основното училиште „Мите Богоевски“ од 521 ученик, 73 се првачиња, во „Гоце Делчев“ има 288 ученици меѓу нив и 32 првачиња. Во „Браќа Миладиновци“ во Царев Двор запишани се шест првачиња, а вкупно има 96 ученици, во училиштето „Славејко Арсов“ во селото Подмочани запишани се 98 ученици, меѓу нив 11 во прво одделение и во „Димитар Влахов“ во Љубојно има 65 ученици од кои осум првачиња.
Општина Ресен донираше дел од потребниот училишен прибор и хигиенски средства во сите основни училишта на нејзина територија.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот