Почна собраниската седница за избор на двајца нови министри и тројца заменици-министри

Собранието на Република Северна Македонија ја почна 110. седница на која треба да се изберат двајца нови министри и тројца заменици министри по предлог на премиерот Зоран Заев.
Во моментов пред Собранието се обраќа премиерот Заев.
Нина Ангеловска е предложена за нов министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима.
За заменик министер за економија е предложен Кирил Колемишевски, за заменик министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а Неџад Мехмедовиќ за заменик министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Пратениците на денешната седница треба да изберат и нов вицегувернер на Народната банка на Република Северна Македонија, за што е предложен Фадил Бајрами.
На почетокот на седницата, пред да го соопшти дневниот ред, претседателот на Собранието, Талат Џафери, информира дека замениците-министри за економија и за образование, Кире Наумов и Петар Атанасов поднеле оставки, но иако деловнички имале можност, рекле дека нема да ги образложат пред пратениците. Потоа, Џафери објави дека функциите на Наумов и Атанасов престануваат да важат.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
