Македонија
10. April 2016 - 14:02

Почна снимањето репортажи за росоманските села

Почна снимањето репортажи за росоманските села, дел од поголемиот проект „Патуваме низ Македонија“, во заедничка реализација на општина Росоман и „Мариово филм“. 

- Се снима во селото Паликура, кое од година во година прераснува во урбана населба. Станува збор за село во кое одамна е запрена миграцијата кон градот и се зголемува бројот на учениците, информира портпаролот во општина Росоман Ѓорѓи Крстевски. 

Крстевски нагласи дека целта на проектот е запознавање со минатото и сегашноста на овој крај, како и со природните убавини со кои располага.