Почна изградбата на пат до штипското село Суво Грло
Започнаа градежните работи за асфалтирање на локалниот пат до штипското село Суво Грло во должина од четири километри.
Александар Југов од Фондацијата „ЛЕР ИТ“ при општина Штип, рече дека локалниот пат до ова штипско село е во должина од четири километри, а средствата се обезбедени преку Агенцијата за финансиска подршка и развој на земјоделството.
Инвестицијата за изградба на овој пат е три милиони денари. Во следните денови ќе се асфалтираат улици во селата Селце и Драгоево, а од среда во населбата Стар Караорман, каде што инвестицијата е околу три милиони денари.
Работите ги изведува градежната компанија „Коле Транс инжињерин“.
Жителите на Суво Грло велат дека се благодарни што до нивното село ќе има асфалтиран пат, со кој ќе им се олесни пристапот до куќите и земјоделското земјиште.
Ново на Сител
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи
-
Преглед на вестите од светот
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
122 години Илинденско востание
-
81 година АСНОМ
-
Мицкоски: 2 август – Денот на Републиката е ден на обединување