Ракомет
12. October 2022 - 19:52

Почина Славе Атанасовски, првиот ракометен селектор на Македонија

Македонскиот ракомет денеска денеска остана без уште значајно име откако  почина првиот селектор на ракометната репрезентација, Славе Атанасовски - Чаве.

Атанасовски е роден во 1945 година во Скопје и ја почна ракометната кариера во 1945 година во Партизан, по што го носеше дресот на Графичар, Вардар, Борец, Металург и Пролет.
Македонија под негово водство го одигра првиот официјален меч во 1993 година на меѓународен турнир во Романија, додека во текот на кариерата тренираше и неколку македонски тимови а еден од поголемите успеси го постигна со младинската селекција со која го освои 5-тото место на ЕП во 1995-тата година.