Македонија
14. јуни 2018 - 16:39

Почина родилка во штипската клиничка болница

Дваесет и осум годишната  Маја Паневска од Свети Николе починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев.

Тој вели дека синоќа во 21 часот, по природен пат родилката на свет донела здраво машко дете, но од засега непознати причини починала утринава околу 6 часот и 50 минути.

Во соопштението од Клиничка болница-Штип се вели дека изразуваат сочувство на семејството и наведуваат дека телото на првороденката е дадено на обдукција.

Во текот на денов или најдоцна до утре очекуваат да го добијат извештајот од Патологија и Судска медицна во Скопје, по што на прес-конференција ќе ги соопштат деталите за прераната смртта на Паневска.