Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
Не се применува новиот закон за македонски јазик, кој го помина собранискиот филтер уште на почетокот на годинава. Академската фела во пресрет на одбележувањето 80 години на македонскиот јазик како службен, алармира дека треба што поскоро да се формира и Инспекторатот, кој во пракса треба да врши надзор на примената на законот.
Од Култура велат дека во тек е постапката за распишување на повик за избор на директор, а целата процедура се очекува да заврши до крајот на годината.
Академската фела очекува зголемување на бројот на студенти кои избрале да студираат македонски јазик и литература, откако ќе се стартува со примена на законот, бидејќи истиот предвидува вработување на лектори во јавни државни институции, како и лекторски услуги во приватниот сектор. Годинава во оваа насока се запишале 20-тина.
Во ноември пред 80 години почнала со работа првата јазична комисија со цел да дојде до конечна кодификација на македонскиот јазик на 5. мај. По тој повод, на Филолошкиот факултет се одржа свечен час за одбележување осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен на Првото заседане на АСНОМ.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар