Почина режисерот Џорџ Ромеро
Американскиот режисер Џорџ Ромеро, познат по неговите хорор филмови, почина на 77 годишна возраст.
Неговата сопруга соопшти дека Ромеро ја загуби својата „куса, но агресивна борба со ракот на белите дробови".
Тој е автор на легендарниот серијал за т.н. зомби филмови, што започна со „Ноќта на живите мртовци" (1968). Важеше за „револуционер“ во областа на тој хорор жанр. Неговите зомбија беа повеќе од обични канибали, тие беа метафори на конформизмот, расизмот и класните разлики.
Првиот негов зомби филм се смета за своевидна критика кон расизмот во САД, бидејќи единствениот црномурест преживеан од борбата со „немртвите“ беше застрелан од спасувачите.
Самиот Ромеро во повеќе наврати велеше дека не би работел на хорор филмови, доколку ја немал можноста во нив да ги изразува своите политички погледи и пораки.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати