Почина поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас
На 92-годишна возраст, денеска почина поранешниот грчки претседател Каролос Папуљас, кој на позицијата шеф на државата беше во периодот од 2005 до 2015 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Папуљас беше третиот претседател во Грција што доби два последователни мандати, а во неговата политичка кариера беше шеф на дипломатијата, алтернативен МНР, заменик министер за надворешни работи, како и алтернативен министер за одбрана
Беше висок функционер на Социјалистичката партија ПАСОК и близок соработник на нејзиниот покоен лидер и поранешен премиер Андреас Папандреу.
По завршувањето на вториот претседателски мандат во 2015 година, Папуљас се повлече од политичката сцена во Грција.
Грчкиот државен врв како и опозициските партии изразија сочувство за смртта на поранешниот претседател.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
-
Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило според законските стандарди, покажа ревизорскиот извештај