Почина холандскиот актер Рутгер Хауер, познат како Рој Бети од „Истребувач“

Во текот на неговата 50-годишна кариера има играно во на 115 филмови и серии, а најпознат е по улогата во „Истребувач“ (Blade Runner), култниот научно-фантастичен филм на Ридли Скот од 1982 година.
Основ за сценариото била книгата на Филип К. Дик „Дали андроидите сонуваат за електрични овци“, но претсмртниот монолог на неговиот лик Рој Бети го има креирано самиот Хауер по пат на импровизација. Љубителите на научната фантастика го сметаат како еден од класичните елементи на жанрот.
„Имам видено работи кои вие, луѓето, не може ни да ги замислите. Бојни бродови во пламен кај рамото на Орион. Гледав ц-зраци како светкаат во мракот крај Тенхаузеровата Порта. Сите тие мигови ќе бидат изгубени во времето, како солзи во дожд. Време е да се умре“, вели Хауер во незаборавната сцена од култниот филм.
Како млад актер во раните седумдесетти Хауер имал плодна кариера во родната Холандија, особено во соработка со режисерот Пол Верховен. Во 1973 година нивниот филм „Локум“ (Turkish Delight) кој се смета за еден од најуспешните холандски филмови на сите времиња и бил номиниран за Оскар за најдобар филм на странски јазик.
По преминот во Холивуд има играно во десетици разновидни филмови, од историски, крими и воени драми до научнофантастични и хорор стории.
Паралелно работел и во Европа и изјавил дека особено е горд на својата улога во италијанскиот филм „Легендата за Светиот Пијаница“ (La leggenda del santo bevitore) кој 1988 г. го има добиено „Златниот лав“ на Венецискиот филмски фестивал.
Тој бил активен поддржувач на активистички каузи како гласноговорник на еколошката организација „Гринпис“ и е основач на здружението „Старфиш“, непрофитна организација посветена на подигање на свеста за ХИВ/СИДА.
Хауер се женел два пати. Од првиот брак ја добил ќерката Хајди Мерц, која е актерка, а со втората сопруга Инеке тен Кате ги минал последните 50 години од животот.
Починал во својот дом во холандското село Битстерсвааг на 19 јули 2019 г. и е погребан во средата без голема медиумска помпа.
Ново на Сител
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Превирања помеѓу народот и црквата
-
Заврши истрагата за 46 осомничени за пожарот во “Пулс”
-
Евалуацијата на повредените во “Пулс” ќе заврши до крајот неделата – досега прегледани 140 пациенти
-
Бугарија со нова резолуција за Македонија- македонците партии лобираат кај сестринските партии
-
Дали Македонија ќе стане една изборна единица? Независните бараат кандидатура со 50 потписи
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе се знаат сите кандидати за градоначалници