Победата на Аунг Сан Су Ќи во Мјанмар ја признаа армијата и претседателот Теин Сеин
Претседателот на Мјанмар, Теин Сеин денеска изјави дека изборната победа на Националната Лига за Демократија (НЛД) на нобеловката Аунг Сан Су Ќи е остварена во фер и демократски избори и дека на таа партија сегашните власти ќе и го препуштат „извршувањето на тестаментот за остварување на целосна демократија во државата’’.
Победата на опозициската НЛД со над 80 отсто од освоени пратенички места во дводомниот Парламент на Мјанмар завчера ја призна и армијата која пет децении владееше во државата.
Претседателот Теин Сеин, кој пред пет години ја соблече генералската униформа за да биде на чело на квази цивилната управа, денеска првпат се појави во јавноста по изборите од 8 ноември. Тој говореше пред претставници на 91 политичка партија и групи, меѓу кои најбројни беа тие што ја поддржуаат досега опозициската Национална Лига за Демократија. Теин Сеин рече дека сегашната ќе ја предаде власта на новата управа и ја нагласи меѓународната оценка за демократски спроведени избори, што ќе ја ослободи државата од долгогодишната меѓународна изолација.
Лидерот на мјанмарската опозиција Аунг Сан Су Ќи утре ќе учествува на последната седница на Парламентот во овој состав.
Транзицијата на власта ќе се одвива и под будно следење на ОН, ЕУ и повеќе азиски институции за мониторинг на избори. Формално, новата влада и претседателот на Мјанмар ќе бидат прогласени во март идната година.
Победничката партија најави дека главна цел и е национално помирување во државата, а тоа значи дека ќе се остварат и добри и помирливи релации со армискиот врв. Сегашните властодршци од партијата Национална Солидарност ќе имаат помалку од 10 посто пратеници.
Ново на Сител
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови
-
На онкологија почна да стигнува дел од терапијата која беше дефицитарна
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование