Македонија
27. October 2025 - 13:40

По сообраќајка на Бит Пазар, физичка пресметка со остар предмет, а потоа истрели од оружје

На 26.10.2025 во 17:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходна расправија во врска со случена сообраќајна несреќа, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(21) од Скопје и друго машко лице, кое употребило остар предмет и му нанело повреда на Б.Б..

Другото лице заминало од местото, но набргу се вратило и испукало неколку истрели од огнено оружје и не повредило никој.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.