Македонија
7. November 2023 - 10:23

По 77 дена малиот борец Едон роден со само 940 грама заминува од ГАК | ФОТО

Клиниката за гинекологија и акушерство објави уште една убава приказна за мал и вистински борец. Од Клиниката соопштија дека по 77 дена поминати на Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ) на ЈЗУ У ГАК, вчера малиот Едон Спахију си заминал дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.

Роден е во 27 гестациска недела со тежина од само 940 грама, а го испратиле со телесна тежина од 2110 грама.

-На Едон му посакуваме многу здравје, радосно детство и среќа. На неговите родители им благодариме за трпението и за соработката во периодот на заедничката борба во која најголема заслуга има малиот борец Едон, истакнаа од ГАК.