Пленковиќ: Нема потреба за прогласување вонредна состојба
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ рече дека нема потреба за прогласување вонредна состојба во земјата поради епидемијата на коронавирусот.
– Нема потреба. Владата функционира, хрватскиот Парламент функционира, така што се што треба да сторат сите демократски институции – тие го прават. Нема никаква посебна причина, изјави Пленковиќ во тв емисија, запрашан за можноста за вонредна состојба доколку се влоши ситуацијата со епидемијата.
Тој потсети дека се воведени рестриктивни мерки, но не и полициски час, како некои други земји.
Хрватскиот премиер смета дека дека луѓето ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата и дека во најголем случај реагираат исклучително одговорно.
Тој рече дека за помош на претпријатијата и економијата Владата воведе два пакета во време на епидемијата и земјотресот во Загреб, а најави и нови економски мерки во согласност со околностите.
Во Хрватска од коронавирус се заразени 1.495 лица, а починаа 21.
Ново на Сител
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица
-
ВМРО-ДПМНЕ го обвинува Коцевски