Планински филмски фестивал „Ехо“
На три локации во Скопје - во кино „Милениум“, во кино „Фросина“ и во Џебно кино при Младинскиот културен центар (МКЦ), од денеска до 5 ноември ќе биде одржано шестото издание на Планинскиот филмски фестивал „Ехо“.
На најголемиот културен настан кој ја слави природата и планините, како што најавија организаторите, ќе бидат прикажани триесетина филмови од автори од 10 земји.
Покрај филмовите, втора година по ред, се организира и конкурс за најдобро видео на кој аплицираа 20-тина автори, а по прв пат и фотоконкурс на кој се пријавија 130 автори со 330 фотографии.
Фестивалот, наменет за планинарите, алпинистите и вљубениците на планината, ќе заврши со прогласување на најдобриот филм и на победниците на конкурсите за најдобро видео и најдобра планинска фотографија. са/сст/07:51
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните верници го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
-
Премиерот во посета на РЕК Битола по повод Денот на рударите
-
Мицкоски: За една година го зголемивме двојно реалниот пораст на платите
-
Отворена е нова канцеларија за е-услуги во Свети Николе
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци